Чурлинов погоди со глава во првиот подготвителен меч за Келн (Видео)

darko curlinov

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов се запиша во листата на стрелци на денешниот меч во кој неговиот Келн славеше над Фрехен со 7-1, меч кој го проследија над 4000 гледачи.

Новиот бундеслигаш како што покажува и самиот резултат беше убедлив во првиот подготвителен натпревар за новата сезона, но уште поважно за нас е што во ова шоу на „јарците“ добар впечаток остави и нашиот Чурлинов. Талентираниот Македонец го одигра целото второ полувреме, а својот најдобар момент го имаше во 52 минута кога биеше со глава во мрежата на противникот.

(голот е на отсечката 1:11:09)

Facebook Коментари