Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов мајсторски асистираше на дебито во дресот на Шалке 04 (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска дебитираше во дресот на Шалке 04, а неговиот тим загуби убедливо (4:1) на гостувањето кај Регензбург.

Чурлинов беше на клупата за резерви и влезе во игра кога Шалке губеше со 2:0, па деветнаесет минути подоцна имаше мајсторска асистенција до Терод, кој го постигна единствениот гол за гостите.

Тоа беше и единствениот позитивен момент за второлигашот од Гелзенкирхен, додека Чурлинов покажа зошто е доведен на заем за оваа сезона.

Нашиот репрезентативец дојде во Шалке од Штутгарт пред само неколку дена, а веќе започна да се наметнува да биде стартер во тимот предводен од грчкиот трене Димитриос Грамоцис.

По четири кола, Шалке освои само четири бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни