Чурлинов „испука“ хет-трик за Келн (Видео)

dare-keln

Талентираниот македонски фудбалер, Дарко Чурлинов повторно реализираше за својот Келн на подготовките за новата сезона.

Пред неколку денови Чурлинов погоди со глава на дуелот против Фрехен, а пак сега „испука“ хет-трик во победа на бундеслигашот над Бад Дурхајм со 16-0. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во вториот дел и одлично си ја искористи шансата, па ја затресе мрежата на противникот во 50, 67 и 72 минута.

Следниот тест за „јарците“ е против тимот на Ројтлинген.

Facebook Коментари