Конференциска лига
Чурлинов и Јагелонија слават четвртфинале во Конференциската лига, крај на бајката на Николов и Шишковски со Борац Бања Лука (ВИДЕО)

Јагелонија на Дарко Чурлинов слави пласман во четвртфинале во Конференциската лига на УЕФА иако вечерва загуби во Белгија кај Серкл Бриж.
Домаќинот славеше со 2-0, меѓутоа поразот од првиот меч од 3-0 значеше дека Даре и компанија одат во наредната фаза ќе играат со подобриот од Виторија Гимареш-Бетис. (ТУКА можете да ги погледнете головите)
Македонскиот репрезентативец Чурлинов беше активен од 58 минута на дуелот во Бриж.
Заврши пак бајката, европската приказна за Бобан Николов и Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука. Претставникот на Босна и Херцеговина по еден исцрпувачки дуел падна во Виена кај Рапид и тоа по продолженијата.
По 90 минути резултатот беше идентичен како на првото соочување (1-1), па се играше дополнителен „период“ во кој домаќините погодија во 96 минута за славје од 2-1.
Николов играше од 74 минута и заработи жолт картон. (ТУКА можете да ги видите погодоците)
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија19 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија19 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони23 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија22 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)