Поврзете се со нас

Конференциска лига

Чурлинов и Јагелонија на чекор од четвртфинале, Борац на Николов остана непоразен во Бања Лука

Објавено

на

Foto:x.com/Jagiellonia1920

Конференциската лига има свои македонски претставници во осминафиналната фаза, а многу веројатно е дека ќе имаме еден, но можеби и двајца во четвртфиналето.

Јагелонија на нашиот Дарко Чурлинов вечерва направи огромен исчекор кон следната рунда во третото по ранг европско рангирање, откако на домашен терен успеа да го надигра Серкл Бриж.

Македонскиот репрезентативец беше стартер и мина 61 минута на теренот, но Јагелонија целосно проработе откако гостите добија црвен картон. Исклучувањето на Франсис донесе голема предност за полскиот претставник, па така Јагелонија во периодот од 69-та до 78-та минута постигна три погодоци.

На двапати стрелаше Пулулу и еднаш Романчук, по што сега Јагелонија ќе брани голема позитива на реваншот кој се игра во Белгија за седум дена.

Своја шанса за четвртфинале ќе има и Бобан Николов како уште еден македонски претставник во Конференциската лига, бидејќи Борац успеа да избегне пораз во самата завршница во дуелот со Рапид.

Гостите од Австрија имаа предност од 0:1 до самата завршница, но Вуковиќ од пенал израмни на 1:1 во 92-та минута. Николов беше стартер на средбата која се одигра во Бања Лука, а беше заменете точно по еден час игра од тренерот Младен Зизовиќ.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни