Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов го оперираше носот, ги пропушта дуелите со Херта и Келн

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов имаше успешна операција на носот и сега го очекува процес на рехабилитација, закрепнување поради што ќе пропушти неколку натпревари.

Имено нашиот офанзивец со сигурност нема да биде во комбинација за битките со Херта и Келн во Бундеслигата со тоа што во меѓувреме ќе се врати во погон со заштитна маска.

-Чурлинов го оперираше скршениот нос и во следната недела ќе добие карбонска маска. Тој нема да биде во конкуренција и за мечот со Келн во 22-то коло, но потоа мислам и се надеваме дека ќе може потполно да се врати на тренинзите, -истакна тренерот Пелегрино Матарацо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни