Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов го одбележа кам-бекот во Шалке 04 со гол во мрежата на Кајзерслаутерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/s04

Дарко Чурлинов во текот на неделава го комплетираше кам-бекот во Шалке 04 во обид да ја добие посакуваната минутажа, а со оглед на тоа што сите го познаваат во клубот, Македонецот беше навистина добро пречекан во Гелзенкирхен.

Големата верба во неговите квалитети секако позитивно влијае врз македонскиот репрезентативец, кој денеска постигна гол на првиот меч по враќањето во клубот.

Шалке 04 денеска настрада на гостувањето кај Кајзерслаутерн и загуби со резултат 4:1, а единствена светла точка во тимот на Вилмотс беше токму Чурлинов.

Крилниот фудбалер влезе на стартот на вториот дел, а само пет минути подоцна погоди во мрежата на домаќините и израмни на 1:1.

За жал, овој негов гол само ги разбуди домаќините, кои до крајот постигнаа три гола и славеа со 4:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни