Поврзете се со нас

Германија

Чупо Мотинг откри каков тип имале ѕвездите на ПСЖ за финалето во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Баерн ги искористи последните два дена за да ги презентира сите засилувања кои ги договори во завршните часови од летниот преоден рок, а меѓу нив се најде и Ерик Максим Чупо Мотинг.

Камерунецот кој е роден во Хамбург се враќа во добро позната средина бидејќи веќе има играно во Бундеслигата, а со оглед на тоа што течно говори германски јазик, напаѓачот можеше опширно да одговара на новинарските прашања, кои беа навистина интересни.

Чупо Мотинг најпрво откри дека одбил понуда од ПСЖ за продолжување на соработката и избрал да ја прифати понудата на Баерн Минхен, тим кој според него бил главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите уште во четвртфиналето.

Напаѓачот како член на ПСЖ загуби од Баерн во големото финале, во кое најголем дел од ѕвездите на ПСЖ верувале дека ќе игра Барселона.

– Беше убаво да се игра со Баерн во финалето. Им реков на моите соиграчи уште пред четвртфиналето дека за мене фаворит е Баерн, го зборував тоа со Нејмар и останатите. Најголем дел од нив типуваа на Барселона и други тимови, но на крајот испадна по мое, – откри Камерунецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни