Чупо Мотинг изрежира ролинг минијатура во шеснаесетникот и ги натера фановите да заборават на Нејмар (Видео)

cupo-moting

ПСЖ делуваше доста загрижувачки во првото полувреме на денешниот меч со Тулуз, но затоа во вториот дел покажа зошто важи за голем фаворит за титулата во Лига 1, дури и во ситуација кога во клубот е доста разбрането поради трансфер сагата со Нејмар.

Човек на одлука вечерва беше Чупо Мотинг кој го замени повредениот Кавани уште во воведниот дел од мечот, но за неговиот блесок се чекаше се до стартот на вториот дел кога изведе вистинска минијатура во противничкиот шеснаесетник. Напаѓачот од Камерун со фасцинантни потези импровизираше во шеснаесетникот и си поигра мајтап со цела одбрана на Тулуз, а токму овој гол беше најава за убедливата победа на ПСЖ.

Гонсалвеш си постигна автогол во 55-та минута, Чупо Мотинг со својот втор гол зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Маркињос во 83-та минута за прва победа на ПСЖ во новата сезона.

Facebook Коментари