Поврзете се со нас

Македонија

Чупиќ за најавената трансфер „бомба“: Вардар ќе мора да се изјасни, оставам се во нивни раце!

Објавено

на

blank

Иван Чупиќ како повратник во хрватската селекција се најде во конечниот список на Лино Червар за настап на Светското првенство во Египет, па иако во овој момент приоритет му е настапот на мундијалот, искусното крило на Вардар не можеше да ги избегне шпекулациите и одлучи да ги искоментира гласините за негов бомбастичен трансфер уште во февруари.

Дел од медиумите во регионот пренесоа дека Чупиќ има договор со германски Кил за да му се приклучи на новиот европски шампион во вториот дел од сезоната, но ракометарот кој е миленик на фановите на Вардар потенцираше дека во ова нема никаква вистина и дека неговата судбина ја остава  во рацете на луѓето кои раководат со македонскиот великан.

Во интервјуто за „Спортске новости“, Чупиќ не крие дека има понуди за трансфер, но вели дека сигурно ќе остане во Скопје до крајот на оваа сезона, а дали истата ќе биде последна за него ќе одлучи клубот.

– Тренирам, подготвен сум за Светското во Египет. Само тоа ми е во глава во овој момент, но кога утрово отидов на доручек, Мандиќ ме застана и ми порача дека „паѓаат бомби“, дека ќе сум одел во Кил по крајот на Светското првенство. Тоа не е точно.

– Точно е само дека останувам во Вардар до 31-ви јуни, Вардар ми е на врвот на моите приоритети. Вардар ќе одлучи што ќе се случи, се е во нивни раце. Нема никаква вистина во тоа дека си одам по мундијалот, јас немам ниту информација дека некој стапил во контакт со Вардар. Реков дека ќе останам во клубот се додека не застане на нозе и тоа го правам. Инаку, понуди има. Фала му на Бог, за моја возраст тоа е добра вест. Сепак, повторно ќе нагласам. Вардар ќе одлучи дали останувам по крајот на сезоната, ако сакаат да ме задржат, ќе мора да се изјаснат, – изјави Чупиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни