Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чупиќ за „Дерби“: Знаеме како да го победиме ПСЖ

Објавено

на

За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски

Најдобриот македонски ракометен колектив, Вардар ја победи Барселона и денеска ќе се соочи со Пари Сен Жермен во големото финале во Лигата на шампионите.

На хартија „светците“ се фаворити со оглед на играчкиот кадар, ама и поради фактот што имаа неколку часа повеќе одмор зошто тие беа учесници во првото полуфинале, а токму тоа е многу значајно на вакви турнирски натпревари кога се игра ден за ден.

Сепак „вардарци“ ќе дадат се од себе,  плус веќе во своите глави го имаат рецептот за успех. Според Иван Чупиќ кој беше безгрешен на средбата со Барселона и има можност да ја одбрани титулата во ЛШ тој и соиграчите треба само да ја повторат играта од полуфиналната пресметка со Кире, Борко и компанија.

-ПСЖ е една одлична екипа, никој не дошол тука само да игра туку да ја освои титулата. Останаа две екипи, истото го посакуваат двете екипи и нема тука мудрости. Финалните натпревари секогаш се тешки, не се само тактика, тоа се мечеви со срце, глава, карактер и мислам дека тоа го имаме во соблекувалната. Ние тактички добро ќе се подготвиме тоа не е проблем, ама мора да одиграме тимски како со Барселона, да се бориме за секоја топка-само така можеме да го победиме ПСЖ и верувам дека тоа ќе го направиме, -истакна Чупиќ за „Дерби“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни