Поврзете се со нас

Македонија

Чупиќ сурово искрен: Треба реално да гледаме, Вујин не играше три години, Талески беше резерва, ни треба…

Објавено

на

Еден од најискусните ракометари на Вардар и „староседелец“ во „црвено-црниот“ табор, Иван Чупиќ во ексклузивно интервју за „Спортске новости“ говореше за ситуацијата во македонскиот клуб.

Вардар има видоизменет лик оваа сезона, а дека се уште не се добро воиграни покажаа и на струшкиот турнир, а и првиот официјален натпревар против Нексе кој вардарци го загубија со еден гол разлика.

Чупиќ посочи дека ќе трба време за овој тим да излезе на површина, а класичен пример даде со случајот на Криштопанс, кој првично се мачеше во Скопје, за потоа да биде еден од најдобрите ракометари на клубот.

– Кога до вчера си играл со најдобрите на највисоко ниво, а сега си свесен дека тоа не е возможно, тогаш е тешко да се помириш со тоа и доаѓа до нервоза. Но, тоа може да се објасни и вака. Сите бевме млади или нови во некој тим, па сите со нас имаа трпение додека растевме. Се сеќавам на Криштопанс кој го научивме, па тој потоа ги учеше другите, а сега е во Париз. Затоа треба да се смириме, а ние старите кои сме тука сега треба да бидеме најголема поддршка во целата приказна, а не да бидеме нервозни, -изјави Чупиќ, а потоа ја откри и реалноста на клубот во овој момент.

Вардар е составен од играчи кои оставиле длабока трага во ракометот во Европа, но и од такви кои допрва треба да го кажат својот збор, па затоа Чупиќ бара трпение.

– Лоши не сме, имаме потенцијал да бидеме добар тим, има тука и младост и висина и сила, одлично тренираме, но треба реално да ја процениме ситуацијата. А ситуацијата вели дека на надворешната линија го имаме Вујин кој нема играно три години, Векиќ кој во Загреб не го минуваше центарот, Талески кој во Германија беше само резерва, Дисингер кој пет месеци нема натпревар, Гаџа и Јотиќ кои сега имаат лидерски улоги, а такви немале на ова ниво.

– Ќе биде тешко и во Македонија и во Европа. Мислам дека целите ни се променија, сега цел е да ја минеме групата во Лигата на шампионите, да избориме Ф4 на СЕХА Лигата, а во Македонија ќе има борба, затоа што и Пелистер и Металург многу се подигнаа. Јас мислам дека на пролет ќе имаме појасна слика на што сме, тогаш ќе почувствуваме и ќе видиме што и како понатаму. Дотогаш ќе играме топло-ладно, -изјави Чупиќ.

Хрватскиот ракометар потоа го пофали претседателот Михајло Михајловски кој ја поправил ситуацијата со финансиите во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни