Поврзете се со нас

Македонија

Чупиќ: Парите и најголемата плата не се споредуваат со тоа што го добивам во Скопје!

Објавено

на

Фото: Вардар 1961

После повеќе од две години, Иван Чупиќ одлучи да се врати во репрезентацијата на Хрватска од која реши да се повлече во 2018-та година, па со оглед на тоа што се најде на последниот список на селекторот Лино Червар, тоа претставуваше добра шанса за хрватските медиуми да направат интервју со феноменалното крило.

Во разговорот за познатиот портал „Индекс“, покрај тоа што зборуваше за емоциите и моментите кои го приврзуваат со репрезентацијата и враќањето после најавеното повлекување, вардаровото крило говореше и за својот престој во Скопје кој веќе трае цели четири години.

Чупиќ пристигна во Вардар во 2016-та година, оттогаш успеа да биде дел од двете историски шампионски титули во Лигата на шампионите, но интересно тој е еден од ретките ракометари кои ја пребродија и тешката финансиска криза со која се соочи клубот.

– Мене Македонија многу ми даде, но и јас и вратив на нејзе и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, блиску сум до Хрватска, а овде мојата сопруга и децата се среќни со градинките и училиштата. Тука сме среќни и задоволни. Кога ќе дојдеш до одредена возраст и ќе ги одредиш своите приоритети, ќе сфатиш дека не е се во играњето за топ клуб за најголема плата. Јас овде со сопругата и децата остварив огромни успеси, два пати бев првак на Европа и тука ме почитуваат. И јас ги почитувам нив и многу ми дадоа и во клубот, но и во земјата.

– Семејството ми е задоволно во Скопје и се додека е така ќе бидам тука. Сега се промени структурата на клубот, имаме поинакви цели и други луѓе го водат клубот. Без оглед на се, јас се снајдов во таквото сценарио, здрав сум, играм и среќен сум кога сум на теренот. Не ми недостасува ништо во Скопје, – потенцира Чупиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни