Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чупиќ направи комплетна анализа и нагласи како Вардар може да му наштети на ПСЖ: Не одиме со бело знаме во Париз

Објавено

на

По двата натпревари на домашен терен и трите освоени бода, Вардар во среда го чека исклучително тешко и пеколно гостувањето во францускат престолнина, бидејќи ПСЖ во улога на „ранет лав“ ќе го пречека европскиот шампион.

Раул Гонзалес и неговите играчи имаат катастрофален старт на сезоната во Лигата на шампионите и трите порази на четири одиграни натпревари ги ставаат во доста неповолна ситуација, па сега сигурно ќе имаат голем императив за победа во дуелот со Вардар.

Во таборот на нашиот тим, свесни се дека ПСЖ не е во најдобра форма и Вардар може да има свои шанси ако добро ја „прочита“ играта на „светците“, па по денешниот тренинг, искусниот Иван Чупиќ нагласи дека клучно ќе биде тоа да се влезе во егал ситуација во последните 10 минути од мечот.

– ПСЖ има три порази на стартот и не е во лесна ситуација, сите знаеме какви цели имаат, сакаат да одат на Ф4 без оглед на се. Сигурно не играат добро како во Франција, имаат голем притисок и веќе немаат право на грешки, обврзани се да победат на неколку меча во низа и да се тргнат од дното.

– Од наша страна, трет меч во низа во ЛШ, имаме три бода, можевме да имаме и повеќе. Секој натпревар сме се подобри и сигурно дека од нас не се бара сензација во Париз. Сепак, ние ги анализирамве, цела недела се подготвувавме и не одиме со бело знаме во Париз. Индивидуалниот квалитет е на нивна страна, но со добра и дициплинирана игра и притисок, можеме да дојдеме во посакувана позиција. Би било добро да дојдеме во егал ситуација на 10 минути пред крајот, во нервозна завршница, ќе имаме шанса за добар резултат, – нагласи искусното крило на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни