Поврзете се со нас

Шпанија

Чудо во Шпанија: Дефанзивец на Логроњес застана на голот и ги исфрли соиграчи на Миовски од Купот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/UDLogrones

Куп натпреварите секогаш знаат да донесат пријатни и непријатни изненадуавања, а такво нешто ни донесе и вчерашниот натпреварувачки ден во Копа дел Реј.

Вилјареал и Џирона доживеаја елиминации од нисколигаши и го завршија својот пат во Купот доста рано, но најголемо внимание предизвика елиминацијата на тимот на Бојан Миовски поради херојот кој се издвои на овој натпревар.

Четвртолигашот Логроњес успеа да стигне до пенали и да се избори за рулет завршница на домашен терен, а во овој дел, шоуто го украл 19-годишниот лев бек, Пол Арнау.

Синот на поранешниот голман, Фрацесц Арнау, застанал меѓу стативите откако голманот на Логроњес заработи удар во главата во првото продолжение, а бидејќи тренерот немал опција за втор голман, младиот Пол застанал меѓу стативите.

До крајот на второто продолжение, Пол успеал да наниже неколку интервенции, за потоа во рулетот да одбрани и еден пенал, но и да дочека нереализиран пенал од Стуани.

На овој начин, младиот Арнау стана топ тема во Шпанија и ги елиминираше соиграчите на Бојан Миовски, кој вчера поради тренерска одлука доби одмор и поштеда во пресрет на згуснатиот период кој следи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни