Чудно, но вистинито: Ракометен клуб Вардар од Мексико (Фото+Видео)

Rk Vardar 1

Ракометниот клуб Вардар со освојувањето на шампионската титула во Европа, несомнено стана еден од најактуелните клубови во светски рамки. Не само поради тоа што се закити со титулата европски првак, туку и поради тоа што на ракометна Европа и покажа како од анонимен клуб може да се стане еден од најпосакуваните клубови кои би посакале сите светски играчи да го облечат црвено-црниот дрес.

Тоа дефинитно го потврди и ново регистрираниот клуб во Мексико со истото име и со истиот грб на клубот. Клубот е регистриран во градот Монтереј и се натпреварува во Втората лига во Мексико. Тие на социјалните мрежи го ставиле и знамето на Република Македонија.

 

👍🏆⚫🔴 #HandballParaTodos #RKVardarMX

A post shared by RK Vardar MX (@rkvardarmx) on

Team RK Vardar🏆⚫🔴 #HandballParaTodos #RKVardarMX #NosVemosEnPrimera

A post shared by RK Vardar MX (@rkvardarmx) on

Facebook Коментари