Поврзете се со нас

Италија

Чудно коло во Серија А, дури четворица тренери суспендирани за следните натпревари

Објавено

на

Зад нас е едно помалку чудно коло во италијанскиот шампионат во кое санкции добија неколку тренери на најдобрите клубови на Чизмата.

Јасно е дека во Серија А оваа година ќе се води најизрамнета борба за Скудетото, па оттука доаѓаат и изливите на бунт кај тренерите кои не се задоволни со некои судиски одлуки.

Така, Жозе Мурињо, Лучијано Спалети, Симоне Инзаги и Џан Пјеро Гасперини нема да може да седат на своите клупи за десеттото коло од Серија А откако сите четворица заработија црвени картони викенд колото во италијанскиот шампионат.

Мурињо беше исклучен на натпреварот помеѓу Рома и Наполи кога упати остри зборови кон судиите на мечот. На истиот натпревар, но по последниот судиски свиреж црвен картон доби и колегата од спротивната страна, Лучијано Спалети кој иронично им аплаудираше на судиите, па си доби очекувана санкција.

Симоне Инѕаги и Џан Пјеро Гасперини исто така не можеа да се контролираат крај аут линијата, па и тие ќе го пропуштат десеттото коло кое ќе го следат од трибините.

Ова е навистина ретка ситуација во италијанскиот фудбал затоа што речиси никогаш не се случило четворица тренери на клубовите кои се борат за врвот да добијат суспензија во колото. коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни