Поврзете се со нас

Светски првенства

Чудно барање стигнува од Франција: Им порачувам на репрезентативците да не одат во Катар

Објавено

на

blank

Завчера заврши првиот квалификациски круг за пласман на следното Светско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар.

Бранител на титулата на шампионатот во Катар ќе биде селекцијата на Франција која не се очекува да има проблеми при пласманот на Мундијалот директно преку групната фаза од квалификациите.

Се погласно во светската јавност се зборува за бојкот на првенството во Катар, а одреден револт на оваа тема изразија и низа репрезентации кои се бунеа за лошото однесување врз луѓето кои работеле на стадионите во богатата земја.

Сега со коментар на оваа тема се јави и претседателскиот кандидат на Франција, Жан Лук Меленхон кој ги посоветува франуцските репрезентативци да не патуваат во Катар дури и да изборат пласман на првенството.

– Ако се организира бојкот, ќе учествувам. Срамота е тоа што се направи во Катар, на градилиштата умре 6.000 луѓе. Ужасно ги третираат луѓето. Мислам дека за ова треба да расправаат и спортските сојузи, сметам дека ниту еден Французин нема што да бара во Катар. Да, ви велам да не одите таму. Не можете да играте фудбал на човечките тела, не можеме да играме фудбал со насилни нелуѓе како тие таму, -изјави Меленхон.

И покрај јавните коментари на претседателскиот кандидат, ваквото нешто е речиси невозможно, па Франција доколку избори пласман со сигурност ќе учествува на Мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни