Чудниот деби гол на Запакоста донесе радост, но и голем сеир на клупата на Челси (Видео)

zapakosta

Запакоста на најдобар можен начин дебитираше како стартер на Челси, бидејќи на италијанскиот дефанзивец му беа потребни само 30 минути за да се запише во листата на стрелците, и тоа на навистина чуден начин кој покрај радост, предизивка и сеир на клупата на домашните играчи.

Еден обид за центаршут на Запакоста доби неправилно движење и заврши во мрежата на Карабах, а додека сите се радуваа, Кабалјеро и Давид Луиз му фаќаа сеир на Моузес кој изминатава ноќ остана на клупата токму поради настапот на Италијанецот кој се покажа во брилијантно светло.

Facebook Коментари