Поврзете се со нас

НБА

Чудна вечер за Гркот Јанис: Страшна партија и историски пораз во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

НБА програмата беше навистина доста скромна ова утро и се одиграа само два натпревари во Америка, но и двата беа крајно возбудливи и неверојатно тесни во кои решаваше еден шут.

Милвоки загуби на гостувањето кај Индијана со 126:124 во меч со многу пресврти, бидејќи „елените“ се вратија од минус 18, водеа 10 на средина на последната четвртина, но на крајот загубија.

Јанис Адетокумбо имаше страшна партија и мечот го заврши со 54 поени и 12 скокови, но поразот на неговиот тим му донесе еден историски податок каков што не се памети во НБА лигата.

Гркот стана првиот играч во историјата кој не победил на меч на кој постигнал над 50 поени, имал 10 скокови и 75 проценти шут од поле, што доволно говори дека неговите соиграчи и тоа како потфрлија на оваа средба.

На втората средба во НБА, Атланта на гости го победи Орландо со 120:119, дуел на кој доминира Тре Јанг со 41 поени зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни