Поврзете се со нас

Свет

Чудна ситуација со Ласо: Го напушти Баерн поради семејни причини, па во ист ден пронајде нов ангажман (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBBasketball

Трофејниот шпански тренер, Пабло Ласо денеска неочекувано си замина од Баерн Минхен и тоа по една сезона која беше успешна со оглед на освоениот лигашки и куп трофеј.

Баерн во соопштението за разделбата го наведе барањето на Ласо за заминување од Минхен поради семејни причини, барање на кое германскиот клуб му излезе во пресрет иако тој имаше договор до 2025 година.

Ласо го врати Баерн на врвот, па си замина од Минхен

Само неколку часа подоцна Басконија се јави со вест дека Пабло ја прифатил нивната понуда и ќе ги води во наредните три години. Тој повеќе од една деценија го носеше дресот на Басконија и многу добро ја познава средината, па останува да се види дали може да донесе и успеси какви што ги имаше во претходните ангажмани во Реал Мадрид и Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни