Поврзете се со нас

Италија

Чудна изјава на поранешен фудбалер на Јувентус: Да играше за Јувентус, денес ќе беше жив

Објавено

на

И три дена по смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона во јавноста не стивнуваат реакциите поврзани со неговиот живот.

Сега во интервју за италијанските медиуми се јави и Антонио Кабрини, поранешен фудбалер на Јувентус кој со својата изјава предизвика доста реакции.

Кабрини кој цели 13 години го носеше дресот на „старата дама“ даде доста чуден коментар и истакна дека Марадона денес би бил жив доколку играше за Јувентус, а не за Наполи.

– Сигурен сум дека би бил уште жив ако во минатото играше за Јувентус, а не за Наполи. Тој беше навистина неверојатен фудбалер и џентлмен како противник.

– Баш како и сите шампиони беше во состојба да го понуди најдоброто, но и најлошото од себе во ист момент. Да беше во Јувентус денес веројатно би бил жив затоа што опкружувањето ќе го спасеше. Знаеме што му направи Наполи и едноставно прашање беше кога сето тоа ќе биде наплатено, -изјави Кабрини.

Поранешниот репрезентативец на Италија доби низа критики поради ваквата изјава пласирана во јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни