Лига на шампиони
Чудесно прво полувреме во Копенхаген: Четири гола, два прекини и црвен картон за Рашфорд (Видео)

Првото полувреме на „Паркен“ беше продолжено 13 минути и беше едно од најлудите во Лигата на шампионите во последно време, бидејќи се што градеа гостите добри 40 минути, на крајот упрскаа во период од 10.
Манчестер Јунајтед поведе со 0:2 со двата погодоци на Расмус Хојлунд, гостите имаа прилика преку истиот играч и за предност од 0:3, но кога не се случи тоа, дојде до шокантен и чудесен крај на првиот дел.
Судијата покажа 13 минути продолжение поради двата прекини (медицинска помош на трибини) и натрапникот кој влезе на теренот, но и поради црвениот картон кој го заработи невнимателниот Маркус Рашфорд.
Напаѓачот заработи директно исклучување поради невнимателен и опасен старт во 42-та минута, а иако теренот го напушти со иронична насмевка, до крајот воопшто не им беше до смеење на гостите.
Копенхаген постигна два гола за 2:2 во 45-та и 49-та минута, па сега гостите ги чека пеколно второ полувреме на гостувањето во Данска.
🚨🚨| RED CARD: MARCUS RASHFORD IS SENT OFF!! MANCHESTER UNITED ARE DOWN TO 10 MEN!!
Copenhagen 0-2 Manchester United.
— TTS. (@TransferSector) November 8, 2023
Сите возбудувања од првиот дел погледнете ги ТУКА
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 17 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 20 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 17 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Германијапред 24 часа
Баерн бара наследник на Нојер, фокусот повторно кон Серија А