Поврзете се со нас

Европски првенства

Чудесна одбрана на Гунок во завршните секунди, Турција го грабна последниот билет за четвртфиналето на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Турција успеа да дојде до последниот билет за четвртфиналната фаза на Европското првенство и тоа откако вечерва на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг ја совлада Австрија со 2-1.

Иако играше без својот најдобар играч Чалханоглу (жолти картони), избраниците на Монтела пронајдоа начин и изборија место во наредната фаза каде ќе ги одмерат силите со Холандија.

Двоен стрелец за Турците беше дефанзивецот Демирал и тоа во 1 и 59 минута.

Момент за историја: Демирал го постигна најбрзиот гол во нокаут фазата на ЕП (ВИДЕО)

Австријците се вратија во игра преку Грегорич во 66 минута за да во финишот видиме шанси на двете страни со тоа што онаа последната ја имаше Баумгартнер кој биеше со глава, меѓутоа Гунок со чудесна интервенција го одбрани голот и ја одведе својата селекција меѓу осумте најдобри на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни