Поврзете се со нас

Шпанија

Чуден крај на средбата во Валенсија, Реал остана без победа на „Месталја“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Валенсија и Реал Мадрид одиграа без победник 2-2 во последниот меч од денешната програма во шпанската Примера.

Оваа средба донесе многу возбудувања, борба, но и еден чуден крај за која дефинитивно ќе се зборува во наредниов период. Се играа завршните секунди, „кралевите“ напаѓаа и успеаа да дадат гол за 3-2 преку Белингем.

Меѓутоа пред тој центаршут судијата Хил Мансано свирна крај на натпреварот со што ги шокираше гостите кои едноставно беа шокирани од тој потег, односно наместо да слават гол за триумф мораа да се објаснуваат, протестираа, па заработија и картони.

Популарните „лилјаци“ водеа со 2-0 со погодоците на Дуро и Јеремчук, но Винисиус Жуниор со два гола израмни на 2-2.

Реал има 66 бода, седум повеќе од Џирона која во ова коло и гостува на Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни