Македонија
Чудата се можни: Давидовски обезбеди подиум на последната WTCR трка

Виктор Давидовски oствари историски успех, освојувајќи го второто место на втората трка од гран-при викендот на Светскиот ТЦР куп на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.
Македонецот доби можност да настапи на последните два натпреварувачки викенда во WTCR, а уникатното искуство го круниса со историски резултат, второ место во навистина жестока конкуренција на скратената верзија од Ф1 патеката во Саудиска Арабија.
Давидовски најпрвин се избори за одлична стартна позиција во втората трка преку квалификациите, а иако првично загуби неколку позиции, во продолжението успеа да се врати на истата позиција, за уште една голема лична сатисфакција и уште една одлично искористена шанса од тимот „Comtoyou“ од страна на македонскиот автомобилист .
Победник на втората трка е неговиот тимски колега, Белгиецот Жил Магнус, додека зад Давидовски се најде Микел Аскона, кој веќе ја имаше потврдено WTCR шампионската титула.
„Телевизија 24“ како снимка ќе ги емитува двете трки од Џеда, една по друга, со почеток во 23.15 часот.
-
Англијапред 16 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светски првенствапред 24 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 20 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 21 час
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 23 часа
Клоп го „закачи“ Челси: Како е тоа возможно…