Свет
Чуамени се пожали за густиот распоред, Ротен му одговори жестоко: Фокусирајте се на фудбалот!

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени е уште еден фудбалер кој јавно се пожали на густиот распоред натпревари, кој придонесува и за многуте повреди, а доби интересен одговор од еден свој сонародник.
Се работи за поранешниот француски репрезентативец, Жером Ротен, кој порача дека денешните фудбалери повеќе се заморуваат на нефудбалски активности, отколку поради зголемените обврски во клубовите.
– Ако сакате помалку натпревари, ќе треба да заработувате помалку пари, а тоа ќе биде проблем за многумина.
– Ваквиот ритам трае одамна, го почувствува и мојата генерација и никогаш не се жалевме. Заморот на фудбалерите денеска не доаѓа само од нивните професионални обврски, вообичаено ги бранам моите колеги, но сега не се сложувам.
– Бројот на натпревари е ист како пред 20 години, а заморот за кој зборува тој е повеќе поврзан со нефудбалски активности. Денеска фудбалерите се често на социјалните мрежи, снимаат спотови, патуваат со приватни авиони за да го гледаат омилениот ММА борец, патуваат да снимаат реклами во Турција… Препорачувам да се откажете од дополнителни пари и посветете му се на фудбалот како ваша професија, – порачал Ротен.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ