Шпанија
Чуамени: Имаме проблем со само еден играч од Мајорка
Орелијан Чуамени не го доигра вчерашното полуфинале против Мајорка поради повреда на стартот на вториот дел, но францускиот репрезентативец е сигурен дека не станува збор за ништо сериозно и дека ќе конкурира за настап во финалето против Барселона.
Реал Мадрид ги постигна трите гола во мрежата на Мајорка во ситуација кога Чуамени веќе не беше на теренот, меѓутоа играчот за врска кој принудно игра како стопер беше еден од првите кои дадоа изјави за мешаницата по крајот на мечот.
Чуамени виновникот во целата збрка на теренот го бара само кај еден фудбалер, односно кај Пабло Мафео кој е познат по своите провокации кога има натпревари меѓу Мајорка и Реал Мадрид.
– Сите знаете дека имаме проблем само со еден играч на Мајорка, сите знаете дека се работи за Мафео. На сите натпревари имаме проблеми со него, играчите од тимот се лути на него, но најважно е да се остане фокусиран.
– Победивме на натпреварот и тоа е најважно, не треба да се обрнува внимание на такви детали. Јас не сакам да зборувам за момче кое сака да биде во центарот на вниманието, – изјави Чуамени.
-
Свет19 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства10 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Репрезентација20 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Светски првенства9 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија11 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија10 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Италија19 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија15 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија