Поврзете се со нас

Свет

Чуамени: Гризман не можеше да спие поради Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Орелијан Чуамени беше во аут од полуфиналето со Баерн Минхен и направи максимални напори за да се опорави за Европското првенство, па така ги доби и првите минути на мечот со Холандија.

Играчот на Реал Мадрид се врати во стартната постава и одигра 90 минути против „лалињата“, но покрај задоволувачкиот настап, сега проговори и за добрата атмосфера која владее во репрезентацијата.

Чуамени вели дека сите во репрезентацијата се како едно големо семејство, но натпреварувачкиот карактер е до толку присутен, што победите и поразите се доживуваат на доста емотивен начин и кога се играат карти.

Дефанзивниот играч за врска открива дека Антоан Гризман не спиел пред неколку вечери, а причина за тоа бил фактот што загуби од Мбапе во игра на карти.

– Гризман е еден од најискусните и еден од оние кои се најдолго во реепрезентацијата. Пред неколку вечери не спиеше цела ноќ бидејќи загуби на карти од Мбапе. Тој има голема одговорност во репрезентацијата, станува збор за исклучителна личност и секој ден покажува колку е важен за тимот на теренот, но и надвор од него, – вели Чуамени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни