Поврзете се со нас

Шпанија

Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот

Објавено

на

Одговорните во Реал Мадрид не се задоволни од однесувањето и состојбата на Орелијан Чуамени по завршувањето на СП во Катар.

Иако доведен како сериозно долгорочно засилување, Чуамени го разочарал стручниот штаб, но и раководството со своето однесување изминативе месеци, тврди „Релево“.

Чуамени се наоѓал во лоша физичка и кондициска форма, што е показател дека не е сериозен во извршување на зададените обврски за време на тренинзите, а незадоволство предизвикува и однесувањето надвор од клупските обврски.

Французинот бил во Париз за да гледа НБА натпревар додека неговите соиграчи се соочуваа со Вилјареал во купот, а бил присутен и на други настани во периодот кога треба максимално да внимава на процесот на рехабилитација.

Анчелоти има големи очекувања од Чуамени и очекува играчот за врска да го подигне нивото во продолжението од сезоната, пред се ако сака да има посакуван статус во тимот на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни