Поврзете се со нас

Шпанија

Чуамени честеше за роденден, Реал Мадрид со нов пресврт до победа против Лас Палмас (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид повторно мораше да прави пресврт, но на крајот ја оствари целта и стигна до победата (1:2) на гостувањето кај Лас Палмас.

Домаќините покажаа дека можат да бидат незгоден противник и против актуелниот лидер на табелата, а до водство стигнаа во 53. минута, со погодокот на Хавиер Муњоз.

Очекувано Реал мораше да притисне и да брка што побрзо израмнување, а до истото дојде по одличната асистенција на Камавинга и реализацијата на Винисиус во 69. минута од средбата.

Во завршницата, Чуамени го комплетираше пресвртот и тоа во 84. минута, честејќи ги фановите за својот роденден кој го прославува денеска. Реал Мадрид ја задржа предноста до крајот на средбата, исто како и на табелата каде има два бода повеќе во однос на второпласираната Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни