Поврзете се со нас

Свет

Човиќ го истрола Партизан: Тие се најдобри, институција, а потоа дојде еден Грк…

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Последното кошаркарско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда заврши со победа на „црвено-белите“ со службен резултат, а двете страни и натаму испраќаат остри коментари и критики за својот ривал, обидувајќи се да ја префрлат вината за новата тензична ситуација на другата страна.

Навивачите на Партизан испратија многу навреди на сметка на претседателот на ривалот, Небојша Човиќ, а оттука започна и драмата која кулминираше со празнење на салата и одбивање на домашниот тим да го доигра натпреварот од плејофот на српското првенство.

Човиќ на прес-конференција испратил дополнителна провокација на сметка на Партизан, посочувајќи ги неуспесите на теренот како причина за нервозата во противничкиот табор.

– Нашиот стручен штаб не испровоцира никого.

– Но, треба да се оправдаат огромни суми пари, тие пари се државни пари и тие пари треба да ги оправдаат господата што ги потрошиле, а ние не сме виновни за тоа.

– Тие се нели најдобриот клуб, институција, го имаат најдобриот тренер и навистина го мислам тоа за тренерот. Имаат најдобар претседател, директор на маркетинг… Потоа доаѓа господинот Грк (тренерот Јанис Сферопулос), згоден Грк, и имаме серија 8:0. Сè друго сфатете сами, – изјавил Човиќ, алудирајќи на долгата серија победи на Црвена Звезда во дуелите со најголемиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни