Човекот кој му го пронајде кучето на Стариџ се пожали дека фудбалската ѕвезда не му ја исплатила наградата

staridz-kutre

Даниел Стариџ вчера се пофали дека му било вратено саканото куче Лучи кое му беше украдено од страна на крадците кои го обија неговиот дом во Лос Анџелес, а иако им се заблагодари на сите оние кои помогнаа во потрагата, фудбалерот очигледно не си остана на зборот, односно не го исполни она што го вети.

Доскорешниот напаѓач на Ливерпул му вети на потенцијалниот пронаоѓач „што сака“, а подоцна ја промени оваа теза во награда од 30 илјади долари, па откако едно младо момче кое не било вклучено во грабежот случајно го пронајде малото куче, за возврат не го доби она што првично го ветуваше Стариџ.

– Јас го пронајдов кучето, а тоа дека ги добив ветените 30 илјади долари е лага. Ако бев белец, сигурно ќе ја добиев ветената награда, – порачува младото момче кое стана крајно актуелно во изминативе 24 часа, а чија објава експресно му донесе огромни критики на фудбалската ѕвезда за лажните ветувања.

Facebook Коментари