Поврзете се со нас

Шпанија

Човекот кој го откри Меси: Барселона можеше да го има Мбапе, но на крајот донесе друг Французин!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Хосеп Марија Мингуелја е надалеку познат скаут во Шпанија и добива навистина големо внимание при секое свое јавно обраќање, не само поради искуството кое го има насобрано како фудбалски работник, туку и поради фактот што важи за човекот кој прв го откри талентот на Лионел Меси.

Мингуелја пред две децении се погрижи талентираниот Аргентинец да пристигне во младинската школа на Барселона, но поради своите добри конекции и важни познанства во фудбалот, открива дека се обидел да изврши притисок врз упрвата на Барса да го доведе Килијан Мбапе во 2017-та година.

Француската суперѕвезда вчера официјално стана нов играч на Реал Мадрид и веќе 24 часа е топ тема во Шпанија, па затоа посебно интересна е изјавата на Мингуелја поврзана за пропуштената шанса на каталонскиот гигант.

– Имам конекции насекаде, а во тоа време мојот син беше во Франција и ми кажа дека ќе има ликвидарција во Монако. Тогаш лично разговарав со Мбапе кој имаше 18 години и со оглед на тоа што си заминуваше Нејмар, ми кажа дека би му било чест да оди во Барселона. Им го пренесов тоа на директорите на Барселона, но тие повеќе вредност му даваа на друг Французин.

– Сметаа дека во тој момент Дембеле од Борусија Дортмунд повеќе одговара за филозофијата на тимот. Тоа е тоа. Станува збор за кратка, но доста тажна приказна, – открива Мингуелја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни