Шпанија
Човекот кој го откри Лаутаро: Меси му се јави…
Иако оваа сезона се уште не е завршена во таборот на Барселона веќе размислуваат и за наредната, а еден од приоритетите е ангажманот на Лаутаро Мартинез.
Напаѓачот на Интер е посакуван од каталонците кои во него гледаат играч кој во блиска иднина би го заменил Луис Суарез кого веќе годините го „газат“ и повеќе не може сам да го понесе товарот како „деветка“. Медиумите многу шпекулираат околу понудите на Барселона, ама засега нема ништо официјално иако се чини шпанскиот шампион работи на случајот.
Тоа може да се заклучи од изјавата на човекот кој го пронајде Мартинез, човекот задолжен за младинскиот фудбал во Расинг Клуб (поранешениот тим на напаѓачот) Адријан Рубен Фернандез. Тој тврди дека Барса преку капитенот Лионел Меси веќе го убедила младиот напаѓач да се пресели на „Камп Ноу“.
-Меси му се јави и му кажа дека го сака покрај него, јас не се сомневам. Од таа причина, блиску е до потпишување на договор. Знам дека работите ќе одат добро во Барселона и дека Лаутаро ќе биде одлична замена за Суарез. Тој е идеален наследник. Благодарение на Барса тој ќе продолжи да расте како играч и човек.
-Во однос на аргентинските играчи, тој ги има истите квалитети како Серхио Агуеро. Мислам дека е на тој пат и ќе има успешна кариера како него. Дури би рекол Лаутаро е подобар во воздух и многу подобар со левата нога, но тој ќе мора да го докаже тоа со времето. Се надевам дека може.
-Да се оди да се игра со најдобриот на светот кој има 32 години и има пред него три-четири години … да се биде соиграч на Меси може да го направи уште подобар и да му помогне на националниот тим. Лаутаро и Лео ќе го подобрат разбирањето на теренот, -вели Фернандез за „Спорт“.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија3 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)