Поврзете се со нас

Шпанија

Човекот кој го откри Ендрик обелодени по колкава сума ќе исплаќа Реал за секои пет гола на Бразилецот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Жоао Пауло Сампајо е добро познат фудбалски работник во Бразил, човек кој со години работи во младинската школа на Палемирас и кој во последно време е окарактеризиран како некој кој го откри Ендрик.

Суперталентираниот Ендрик бил првично откриен од страна на Сампајо кој му дал вистинска шанса во вториот тим, а како некој кој добро ја познава новата ѕвезда на Реал Мадрид, реши да откри и детали од договорот кои досега не и беа познати на јавноста.

Висината на трансферот изнесуваше 47,5 милиони евра и овие средства Реал веќе ги има исплатено, но според Сампајо, целиот трансфер со бонуси може да достигне 72 милиони евра.

– Во преговорите на двата клуба, ексклузивно беа вклучени клаузули за постигнати голови и асистенции. За секои пет гола на Ендрик во Реал, клубот ќе исплаќа по 1,5 милион евра на Палмеирас. Тоа ќе биде така се додека не се заокружи цифрата од 60 милиони евра на вкупната сума од трансферот.

– Првиот повик за бразилската репрезентацијата исто така донесе 1,5 милион евра во касата на Палмеирсас, а има уште неколку такви бонуси со кои може да се стигне до 72 милиони евра. Колку што ми е мене соопштено, во договорот на Ендрик не постои клаузула за освоена „Златна топка“, – открива Сампајо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни