Англија
Човекот кој го наследи Конте во Тотенхем: Верувам дека оваа ситуација нема да го промени нашиот однос

Антонио Конте заработи отказ од Тотенхем и на тој начин се стави крај на соработката која не траеше ниту 18 месеци, но сепак клубот не го распушти комплетниот стручен штаб на Италијанецот.
Иако во нормални услови си одат сите асистенти од доверба на менаџерот кој добива „шут-карта“, во случајот на Тотенхем не беше така, па Даниел Леви соопшти дека наследник на Конте до крајот на сезоната ќе биде Кристијан Стелини.
Станува збор за човекот кој го менуваше Конте на клупата додека Антонио беше на операција, но неговото останување се смета за доста неочекувано со оглед на тоа што се работи за тренер кој беше со Италијанецот и во Интер.
Дел од италијанските медиуми тврдат дека ова ќе значи крај на нивната соработка во иднина, а Стелини се надева дека Конте нема да се лути и дека односот ќе остане непроменет.
– Навистина ми е жал за отказот на Конте, кога има менаџерска смена, сите чувствуваат одговорност. Јас бев дел од неговиот тим и се надевам дека мојот однос со Антонио ќе остане ист. Ништо нема да се промени, ние бевме пријатели, колеги и се познаваме доста долго. Верувам дека оваа ситуација нема да го промени нашиот однос, – вели Стелини.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)