Човекот кој ги шокираше Хрватите: Клучна беше промената која ја направивме!

perez-hrvatska

Шпанија успеа да го одбрани европскиот трој и со титулата на Европското првенство си загарантира место на Олимписките игри во Токио, сето тоа откако денеска „фуријата“ беше подобра од селекцијата на Хрватска предводена од Лино Червар.

Во драматичното финале кое се одигра во Стокхолм, Шпанија на крајот славеше со 22:20 и го доби дуелот на две гранитни одбрани, со тоа што мора да се напомене дека клучен фактор во второто полувреме беше шпанскиот голман. Само неколку часа откако беше прогласен за најдобар голман на турнирот, Перез Де Варгас докажа зошто е тоа така со неколку круцијални одбрани во одлучувачките моменти.

Варгас го заврши натпреварот со осум одбрани од кои дури шест дојдоа по 8 испратени удари кон неговиот гол, учинок со кој максимално придонесе за одбрана на титулата на неговата селекција.

– Овој натпревар беше многу сличен на оној од пред неколку дена, Хрватска е тим кој е многу сличен на нас. Сепак, ние бевме посвежи и цел тим заврши одлична работа. Клучната беше промената која ја направивме во одбраната, кога почнавме да играме 6-0 најдовме против игра за нив. Пред две години поради повреда го пропуштив финалето, победата на овој начин е многу важна за мене. Уште поважно, успеавме да се пласираме на Олимписките игри, откако претходно не се најдовме во Рио, – изјави Де Варагас.

Facebook Коментари