Поврзете се со нас

АТП

Човек од гума: Ѓоковиќ направи шпага на теренот 27 дена по операцијата на коленото (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ низ годините го доби епитетот „човек од гума“ поради својата еластичност и неверојатно пролизгување на теренот, но тоа што го прави неполни четири недели по направената операција, дополнително ги фасцинира српските медиуми и неговите верни фанови.

Седумкратниот шампион на Вимблдон направи се што е во негова моќ да се опорави навреме и да заигра на престижниот грен слем во Лондон, каде очигледно дојде со намера да го израмни рекордот на Рожер Федерер.

Ноле брка осма титула на Вимблдон, па ако се суди според изданието кое го прикажа во првото коло, може слободно да се каже дека е еден од фаворитите за највисок пласман.

Според движењата на теренот, не можеше да се почувствува било какво ограничување предизвикано од коленото, а во раната фаза тој веќе пролизгуваше и направи една шпага која доволно говори за каква атлета станува збор.

Ноле наполни 37 години и без проблеми ја остави зад себе втората операција во кариерата, а „Спорт Клуб“ не пропушти да го издвои маестралниот потег од првото коло на Вимблдон.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни