Поврзете се со нас

Шпанија

Чоло го „собра“ отпишаниот играч на Конте: Атлетико добива нов дефанзивец (Фото)

Објавено

на

Преодниот рок во најсилните лиги во Европа завршува вечерва на полноќ, па не чуди фактот што сите најголемите клубови се максимално развижениво овие последните 10-тина часа.

Премиерлигашите се убедливо најактивни и веќе потврдија неколку засилувања, но истовремено се ослободуваат од фудбалери кои се прекубројни и кои немаат минутажа во првата постава.

Таков е случајот и со Мет Доерти, десниот бек на Тотенхем кој веќе е „уловен“ како пристигнува во Шпанија за потпис со Атлетико Мадрид.

Доерти ќе игра како позајмен фудбалер во Атлетико до крајот на сезоната, па така Чоло Симеоне повторува една операција која веќе ја изведе пред неколку години.

Диего тогаш го донесе Трипие од Тотенхем и имаше одлично искуство со него, а сега сигурно очекува да се повтори истотот и со 31-годишниот Доерти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни