Поврзете се со нас

Свет

Чолаковски се збогува со Мелбурн, би можел да реализира трансфер во Европа

Објавено

на

Повремениот член на младинската репрезентација на Македонија, Стефан Чолаковски по седум години се збогуваше со тимот на Мелбурн Сити.

Чолаковски беше еден од најперспективните играчи на Мелбурн Сити, но ќе си замине од клубот во надеж дека ќе обезбеди трансфер на Стариот Континент каде ќе биде поблиску до очите на македонската фудбалска јавност која многу очекува од овој фудбалер.

– По седум години во Мелбурн Сити време е да кажам збогум. Каква само авантура беше ова. Од седењето на трибините и гледањето на Мелбурн Харт, до приклучувањето на академијата на само 15 години и играњето улога во првата титула на клубот, па се до играње во Лигата на шампионите.

– Отсекогаш сум го давал максимумот кога и да го облечев дресот на Сити, а вие фанови секогаш ќе имате посебно место во моето срце.

– Сити беше и ќе биде мое семејство засекогаш. Со нетрпение го очекувам следното поглавје од мојата кариера, -напиша меѓу другото Чолаковски на социјалните мрежи.

Со пригодно видео како рекапитулација на неговата кариера посебен поздрав до Чолаковски испратија и од самиот негов сега веќе поранешен клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни