Италија
Членовите на Серија А не го добија посакуваното менување на медицинскиот протокол
Италијанската влада официјално ги објави последните одлуки кои се поврзани и со организирање официјални натпревари како тие од Серија А, а клубовите остануваат незадоволни поради најспорното решение.
Владата не го промени протоколот според кој ако еден клуб има позитивен тест на коронавирус, целиот прв тим ќе оди во карантин 15 дена, нешто за што најмногу протестираа клубовите и асоцијацијата на професионални фудбалери.
Без разлика на упатените критики и барања да се искористи протоколот од германското и шпанското првенство, Италијанците остануваат на првичната одлука, па клубовите со право се прашуваат дали има логика да го продолжат првенството кога при само еден позитивен тест, тоа повторно ќе биде прекинато.
Единствената позитивна промена е намалената одговорност на клупските лекари во случај кога би имал позитивен тест.
За утре беше предвидено да започнат колективните тренинзи на клубовите од Серија А, но тие ќе бидат претпазливи и веројатно ќе продолжат да работат во мали групи.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)