Членот со најголем стаж во Баерн распали по Пеп: Поради него, првпат во фудбалот си ја повредив раката од бес!

pep-svajni

Пеп Гвардиола оствари навистина значајни успеси во Баерн Минхен и успеа да ги спроведе своите методи врз тимот кој претходно го оствари најголемиот успех под водство на Јуп Хајнкес, но сепак Шпанецот имаше и одредени конфликти како тренер на баварскиот гигант, особено со човекот со најголем стаж во клубот.

Ценетиот клупски лекар Ханс Милер Волфарт беше принуден да го напушти Баерн по пауза од 38 години откако беше обвинет дека е виновен за честите повреди на играчите, сето тоа како последица на нарушениот однос со Пеп кој вината ја бараше кај искусниот доктор кој сега одлучи да му се одмазди на менаџерот на Манчестер Сити со доста нападна изјава.

Волфарт се врати во Баерн Минхнен и сега повторно е одговорен за играчите со кои повторно раководи Јуп Хајнкес, а во своето последно интервју за „Билд“, доста жестоко ги нападна размислувањата на Пеп и неговата манипулација со јавноста.

– Гвардиола ме гледаше како подредена личност на која може да и замери во секој момент. Од една страна, тој не се интересираше за медицинските извештаи на играчите, но од друга страна, очекуваше од мене и моите соработници да правиме чуда. Уште за време на светкото клупско првенство во Мароко, на средина на сезоната, сите играчи на Баерн беа надовор од форма, тој не обрнуваше внимание на информациите кои му ги давав за повредите, – открива Волфарт кој додава дека за првпат во својата дологодишна кариера ја загубил контролата со еден фудбалски стручњак.

– Комплетно ја загубив контролата во еден момент, му се развикав на Гвардиола во собата и удрив силно во масата до толку што чиниите и вазните почнаа да паѓаат, па дури и се повредив. За првпат по толку многу години работа во фудбалот, му се развикав бесно на некого. Не можев да разберам како еден тренер кој има години колку што јас имам искуство во фудбалот не сака да чуе нешто од тоа што сум го преживеал и научил, – заклучува Волфарт.

Facebook Коментари