Поврзете се со нас

Франција

Член од златната генерација на Франција го нападна Мбапе: Преку глава ми е од него, нека се симне од облаци!

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе самостојно соопшти дека го напушта ПСЖ и си зема право за одмор откако го одигра прошталниот натпревар на „Паркот на принцовите“, што направи да не игра на двата последни натпревари во Лига 1 против Ница и Мец.

Ваквата одлука на напаѓачот предизвика доста реакции во Франција и многумина ја протолкуваа како непрофесионална и непопуларна, а тоа го мисли и легендарниот играч од „златната генерација 98“.

Емануел Пети беше дел од тимот кој ја освои светската титула на домашно тло во 1998-ма година, но сега предизвика внимание со својата изјава за Мбапе, бидејќи при самите почетоци на напаѓачот, тој беше еден од најголемите поддржувачи на Килијан.

– Доста ми е од Мбапе, преку глава од него. Изморени сме од темата Мбапе. Мора да се репрограмира, да се симне од облаци и да ја има понизноста која ја имаше на почетокот на својата кариера. Јас бев неговиот прв поддржувач, но веќе сум изморен од него. Ако можев да го однесам на аеродромот во Мадрид, ќе го направев тоа јас лично.

– Следи финалето во Купот против Лион, ако има добар меч ќе се извади за лошите две недели кои ги остава зад себе. Прошталниот меч на „Паркот на принцовите“ беше смешен. Да бидам искрен, не сум баш сигурен дека тој има голем мотив да го игра финалето против Лион, – изјави Пети за „Радио Монте Карло“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни