Поврзете се со нас

Шпанија

Член од историскиот тим кој ја освои триплетата: Тоа не е фудбал, во Барса ме оставија сам во соблекувалната!

Објавено

на

Клеман Ленгле во овој момент изгледа како стопер во кој се пронаоѓа вината за сите поголеми киксови кои се прават во одбраната на Барселона, нешто што му е добро познато на сега пензионираниот Жереми Матје кој три сезони го носеше дресот на каталонската гордост.

Поранешниот француски репрезентативец го направи трансферот од соништата во 2014-та година кога ја засили Барселона од редовите на Валенсија, па ако првата сезона беше незаборавна поради учинокот и улогата која ја имаше во тимот на Луис Енрике и освоената триплета, последната беше навистина кошмарна и беше обвинуван за многу важни порази на Барселона.

Матје кој се пензионираше минатата година поради тешка повреда на коленото вели дека сега истата судбина ја доживува неговиот сонародник Ленгле, но не пропушти да нагласи дека во моментите во кои имал големи потешкотии, не добил поддршка од ниту еден соиграч во соблекувалната.

– Последната година во Барселона ќе ја паметам по лошо, ми беше многу тешко. Имав чувство дека јас бев виновен за се, за секој пораз. Сите ја бараа вината во мене по поразот во Торино од Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Не знам зошто сакаа да ме „убијат“, во фудбалот играат 11 играчи и не може да биде виновен само еден кога губиш 3:0.

– Вистина е, се чувствував сам во соблекувалната, никој не ме поддржуваше, а за мене тоа не е фудбал! Сега сите го „убиваат“ Ленгле, а јас добро знам како му е. Мора да остане позитивен и да се обиде да направи пресврт, се надевам дека ќе му успее. Во последната година, не зборував со Луис Енрике ниту еднаш. Мене во кариерата ми требаше човечки фактор, некој да ме поддржи. Во Спортинг го добивав тоа, во Барселона никогаш, – порачува Матје во интервјуто за „Радио Каталуња 1“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни