Поврзете се со нас

Италија

Член на Серија А реши да му додели отказ на својот тренер

Објавено

на

Италијанскиот клуб Салернитана денеска реши да го отпушти тренерот Фабрицио Кастори, во обид да стави крај на лошата серија од почетокот на сезоната.

Вчерашниот пораз од Специја беше повод раководството да преземе нешто, а како и вообичаено, сметката за негативната серија ја плати тренерот, односно искусниот Кастори.

Салернитана по осум натпревари има само една победа, едно реми и дури шест порази.

Медиумите шпекулираат дека најблиску до тренерската позиција во Салернитана е Стефано Колантуоно.

Колантуоно беше тренер на многу италијански екипи, бил една сезона и во Салернитана, а последно извршуваше директорска функција во Самбенедетезе.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни