Поврзете се со нас

Балкан

Член на легендарната генерација на Црвена Звезда преживеал срцев удар

Објавено

на

Членот на генерацијата на Црвена Звезда која стана европски шампион во 1991 година, Владан Лукиќ, им открил на медиумите дека преживеал срцев удар.

Поранешниот соиграч на нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски, најпрвин играл фудбал со своите пријатели, а инфарктот го доживеал непосредно потоа, во моментите кога екипата се префрлила во кафеана.

– Доживеав инфаркт, но фала богу се помина во најдобар ред. Ми вградија стент, наодите се добри, па ме пуштија на домашно лекување. Најважно е дека главата ми е се уште на рамења, – изјавил Лукиќ за српските медиуми.

– Игравме фудбал во балон со пријатели, потоа седнавме да се освежиме по натпреварот, за еден час подоцна да почнам да се чувствувам чудно и буквално ми се „исклучи сликата“, – рекол Лукиќ.

Лукиќ беше дел од легендарното финале на Купот на европските шампиони во Бари, но не доби шанса за настап на дуелот со Олимпик Марсеј. Подоцна, со „црвено-белите“ го освои и Интернконтиненталниот куп во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни