Шпанија
Член на Барселона размислува за заминување по тензичен разговор со тренерот Флик

Барселона се подготвува за тешкото гостување во Севилја, а во меѓувреме клубот работи и на стратегијата за следниот преоден рок и евентуалните промени во ростерот.
Медиумите веќе најавија дека најблиску до заминување од каталонскиот состав се Ерик Гарсија и Ансу Фати, но „Спорт“ тврди дека Барса може да остане и без еден од своите голмани.
Повредата на Марк Андре тер Штеген го исфрли Инаки Пења како прва опција на голманската позиција, тој долг период бранеше во одлична форма, но тренерот Ханси Флик на последните натпревари му даде предност на ветеранот Војчех Шчесни.
Ваквата ситуација го налутила Пења и тој имал тензичен разговор со тренерот, при што и Флик јасно му ставил до знаење дека никој нема да му влијае врз изборот на составот, па и првиот голман.
Медиумот тврди дека Пења сега размислува да побара да му биде овозможен трансфер и да се пресели во друг клуб, но останува да се види дали ќе има ист став и по крајот на сезоната.
-
Шпанија20 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Свет19 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија17 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)