Македонија
„Чкембари“ незадоволни, клубот со порака: Апелираме на обединетост…

Пелистер е во лоша серија во домашниот шампионат каде на последните седум средби има дури пет порази од кои последниот беше навистина неочекуван во Битола од Брера Струмица.
Негативниот резултат од 2-1 донесе реакција од навивачката група „Чкамбари“ кои пораачаа дека потребна е одговорност пред да биде предоцна.
По ова се огласија од клубот каде апелираа на обединетост пред самата завршница на натпреварувачката 2024/2025/
Соопштението ви ги пренесуваме во целост:
Фудбалската сезона 2024/25 влегува во последните 5-6 недели и сведоци сме на голема борба за секоја позиција во Првата фудбалска лига, но и во младинските категории. Апелираме на обединетост на сите структури во ФК Пелистер, нашите симпатизери и навивачи.
Нашиот клуб е општински и целосно транспарентен и сите потези и постапки на актуелната управа на клубот се достапни за секого од нашиот единствен акционер – Општина Битола. Секој месец се доставуваат редовни извештаи за начинот на работа и менаџирањето на процесот. Сакаме да ги потенцираме нашите чекори по преземањето на клубот, кои комплетно се поклопуваат со нашите цели и планови во јануари 2023 година. Нашиот буџет е меѓу најмалите во Првата лига, но знаеме дека претставува огромно оптеретување врз буџетот на Општина Битола. Во овој момент тој буџет е мал за да конструира екипа со европски амбиции. Лимитирани сме во идејата за ангажирање на поквалитетни засилувања и од нашата лига и од странство. Селекцијата на играчи ја креираме според буџетот и доаѓа по потесната соработка на спортскиот директор и шефот на стручниот штаб и во консултација со претстедателот, најмногу околу финансискиот аспект.
ФК Пелистер доминантно се врати од Втората во Првата лига и задржа голем дел од фудбалерите кои го остварија тој резултат. Тоа беше и првата цел на оваа управа. Во првата сезона во враќањето во елитната категорија нашиот клуб си зацрта стабилизација и е на добар пат да ја оствари целта и да го потврди настапот во Првата лига и следната сезона. Сепак, апелираме да се насочи концентрацијата кон остварување на целта, а не кон непотребно разединување. За скок во амбициите потребно е неколкукратно поголем буџет и ангажман на повеќе луѓе во организација на клубот.
Клубот јасно го потенцираше значајот на школата и многу наши „бисери“ се приклучени и секојдневно земаат учество во проектот на сениорската екипа. Пелистер е еден од клубовите кои најмногу ги користат своите ресурси и игра со многу млади фудбалери во својот ростер. Кога зборуваме за индивидуален квалитет спремен за сениорскиот тим уште немаме комплетен производ како што посакуваме, но за комплетно реализирање на овој проект потребна е подобра инфраструктура (повеќе терени за тренинг). Нашите младински екипи имаат огромен напредок во споредба со сите претходни сезони и секоја од нив се бори за титулите во своите возрасни категории. Нашите млади екипи се гордост на клубот и референца во земјата кога младинскиот фудбал е во прашање.
Во последните две години клубот скоро комплетно го покри долгот кон побарувачите, потпишани се спогодби и долговите се сервисираат тековно. Со исклучок на ситни трошоци, ФК Пелистер е чист, транспарентен и функционален клуб. Клубот најредовно ги исплаќа платите, хонорарите и премиите на сите вработени во клубот. Не им должиме по тој основ и тоа можат да го потврдат сите играчи, тренери и вработени во клубот. Исто така сакаме да ја потенцираме заложбата на клубот националните селекции да се вратат во Битола и да играат пред уникатна фудбалска публика како битолската и најстарата навивачка група во Македонија – нашите „Чкембари“. Во тој правец ја поздравуваме идејата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), У21 репрезентацијата на Македонија да биде домаќин на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Не бегаме од одговорност и на крајот на сезоната мирно ќе го анализираме сработеното и ќе ја погледнете перспективата која ни ја носи иднината. Бараме поддршка од навивачите до играчите и екипата. Работата на управата е јавна и секако дека може да биде предмет на критики. Максимално стоиме зад тимот и стручниот штаб и убедени сме дека ќе ја оствариме целта. Затоа прозивките нека бидат кон нас, а не кон фудбалерите, на кои им треба мир. Уште еднаш апелираме на обединетост, бидејќи таа ни е максимално потребна во овој момент кога се бориме да ги оствариме зацртаните цели.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…