„Чистка“ во Тотенхем: Покетино наредил да се продадат пет ѕвезди уште во јануари!

poketino-baern

Маурисио Покетино побара од газдата Леви посериозни инвестирања и промена во тимот по загубеното финале во Лигата на шампионите, но иако беше дадено зелено светло за такво нешто, изминатово лето беше доста турбуленто во Северен Лондон, од едноставна причина што до последен момент не се знаеше дали Кристијан Ериксен ќе остане во тимот.

Со оглед на тоа што Данецот е клучна алка во тимот на Покетино, неизвесноста си го направи своето и Тотенхем делува навистина загубено на стартот на новата натпреварувачка сезона, па така по болниот пораз од Баерн Минхен од 7:2, следеше уште еден тежок удар, односно пораз од Брајтон во Премиер лигата.

Ова е убедливо најлошиот старт на Тотенхем под водство на аргентинскиот стручњак, но клубот и натаму има неизмерна доверба во работата на Покетино, до тој степен, што газдата Леви е подготвен да му ја исполни желбата. Како што јавуваа угледните „Тајмс“ и „Метро“, Тотенхем планира неколку звучни засилувања за зимскиот преоден рок, но пред да го направи тоа, Покетино веќе составил своја црна листа која ја сочинуваат пет фудбалери.

Истата ја предводи Ериксен кој против своја волја остана во клубот, а целта на Покетино е да ја искористи последната шанса да заработи нешто повеќе од играчот за врска. Втор на листата е Ерик Даер кој нема речиси никаква минутажа во актуелниот тим на Покетино, а црната петорка ја комплетираат Серж Орие, Виктор Ванијама и Дани Роуз кој иако е стартер, ќе биде ставен на трансфер листата поради фактот што се поврзуваше со заминување изминатово, но и претходното лето.

 

Facebook Коментари